Македонија Спортски клубови

Стаменкоска Трајкоска: Да создаваме генерации што ќе бидат образовани, здрави и мотивирани за успеси во животот

-Преку училишните спортски активности децата не само што ја развиваат својата физичка подготвеност, туку учат за дисциплина и тимска работа. Токму затоа ваквите иницијативи се пример како можеме да создаваме генерации што ќе бидат образовани, здрави и мотивирани за успеси во животот, истакна таа.

Пријатна кафе дружба и инспиративен разговор за иднината и развојот на спортот во нашата Општина Кисела Вода. Заедно со претставниците од спортските клубови и Елена Мицковска, претседател на Сојузот за училишен спорт на Република Македонија констатиравме дека спортот и образованието се неразделни столбови во развојот на младите, вели пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

To top