Македонија Скокна последен, стигна прв

Средношколец прв дојде до светиот крст положен во Тиквешкото Езеро

Се надевам дека ова ќе ми донесе многу среќа во животот, изјави тој за МИА.

Средношколец прв дојде до светиот крст положен во Тиквешкото Езеро

Средношколецот Илија Долев од кавадаречкото село Бегниште прв дојде до светиот крст положен во водите на Тиквешкото Езеро, втора по големина вештачка акумулација во државата.

– Имам 17 години, учам во средното електро – техничко училиште во Кавадарци. Вторпат на овој голем празник Богојавление – Водици, се обидов прв да дојдам до светиот крст положен во езерските води и успеав. Последен скокнав од брегот, но, успеав. Се надевам дека ова ќе ми донесе многу среќа во животот, изјави тој за МИА.

Долев доби подароци, а доби и икона од пратеничката Даниела Колева. Положувањето на светиот крст во езерските води е традиција на Тиквешкото Езеро.  (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top