Македонија кабинет на Претседател

Средба Сиљановска Давкова со Питер Смолвуд: Разменети мислења за меѓународната, европската и регионалната политика

Посебно внимание било посветено на Западниот Балкан и неговата долга и компликувана демократска консолидација и евроинтеграција.

Средба Сиљановска Давкова со Питер Смолвуд: Разменети мислења за меѓународната, европската и регионалната политика

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со Питер Смолвуд, истакнат член на британската Конзервативна партија и со Рон Неринг, директор за меѓународни програми на американскиот Институт за лидерство и поранешен претседател на Републиканската партија на Калифорнија.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Сиљановска Давкова, биле разменети мислења за меѓународната, европската и регионалната политика, воените конфликти и можните решенија за мир.

Посебно внимание било посветено на Западниот Балкан и неговата долга и компликувана демократска консолидација и евроинтеграција.

Била реафирмирана и потенцирана важноста на американско-македонското стратешко партнерство по победата на Републиканската партија и на Доналд Трамп на претседателските избори.

На средбата била изразена согласност дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ конечно ќе стави крај на опасноста од дестабилизација и балканизација и ќе доведе до негова реунификација во Европа, каде припаѓа не само географски, туку и историски и културно.

Соговорниците изразиле разбирање и поддршка за почеток на нашите преговори со ЕУ.

Најнови вести од Македонија

To top