Македонија МВР-ОБСЕ-ОДИХР

Средба на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски со шефот на Мисијата на ОБСЕ-ОДИХР за набљудување на изборите г-ѓа Џилиан Стирк

Министерот Тошковски ја запозна г-ѓа Стирк со начинот на функционирање на Министерството за внатрешни работи во насока законито и професионално постапување во насока на организирање и спроведување на фер и демократски изборен процес.

Средба на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски со шефот на Мисијата на ОБСЕ-ОДИХР за набљудување на изборите г-ѓа Џилиан Стирк

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со шефицата на Мисијата на ОБСЕ-ОДИХР за набљудување на претседателските и парламентарните избори 2024 г-ѓа Џилиан Стирк, соопштија од министерството.

МВР

На средбата Министерот Тошковски ја запозна г-ѓа Стирк со начинот на функционирање на Министерството за внатрешни работи во насока законито и професионално постапување во насока на организирање и спроведување на фер и демократски изборен процес. Во тој контекст се заблагодари за поддршката во изготвувањето на Прирачниците за постапувањето на полицијата за време на избори, истакнувајќи дека истите се добра алатка која значително ќе го олесни овој процес, стои во денешното соопштение од МВР.

На прашање на г-ѓа Стирк, министерот Тошковски информираше и за добрата меѓуинституционална соработка со останатите државни институции кои имаат законска улога во учеството на изборниот процес, нагласувајќи ја истата како плодна и непречена, потенцираа во соопштението.

To top