Македонија

Средба на министерот Владо Мисајловски со амбасадорот на Австрија, Н.Е Мартин Памер и новото одбранбено аташе, полковникот Кристијан Тесар

Денеска во Министерство за одбрана, министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Австрија, Н.Е Мартин Памер, заменикот шеф на мисијата Матијас Хуменберге, новопоставеното и досегашното одбранбено аташе на Австрија полковник Кристијан Тесар и полковник Кристијан Смутек.

Министерот Мисајловски изрази благодарност за одлична соработка со досегашното одбранбено аташе полковник Смутек и му посака добредојде и успешна соработка на новопоставеното аташе, полковникот Тесар.

На средбата беше потврдена одличната одбранбена билатерална соработка со Австрија и можностите за нејзино унапредување во областа на логистика, справување со кризните состојби, воената обука и образование, курсеви за операции за одржување на мирот и други области.

To top