Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски оствари средба со претставници од Светска банка, Сара Кол Блек, виш специјалист за социјална заштита во глобалната практика за социјална заштита и работни места и Бојана Нацева, виш специјалист за обрзование, соопштија од МТСП
За време на средбата се дискутираше за тековните проекти кои се реализираат со поддршка на Светска Банка, како и за идни заеднички проекти. Велковски истакна дека неговите приоритети како министер ќе бидат унапредување на социјалните услуги, проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на предучилишните услуги, како и имплементирање на проектот за администрирање на социјалното осигурување. Соговорниците истакнаа дека меѓусебната соработка и понатаму ќе продолжи, пред се во интерес на повисок животен стандард, унапредување на правата и заштита на сите категории на граѓани во државата, истакнуваат од МТСП.