Македонија

Средба на министерот Муцунски со Државниот секретар во Министерството за сојузни, европски и меѓународни прашања на германската покраина Северна-Рајна Вестфалија, Марк Шпајх

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на работна средба го прими државниот секретар во Министерството за сојузни, европски и меѓународни прашања на покраината Северна – Рајна Вестфалија, г. Марк Шпајх, кој се наоѓа во дводневна работна посета на земјава.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните и идни можности за соработка кои ги нуди Заедничката декларација за соработка склучена помеѓу двете влади во 2021-та година.

Министерот Муцунски изрази задоволство од фактот што нашата земја одржува чести средби и континуирани контакти на највисоко ниво со најголемата германска покраина, со која во моментот имаме особено високо ниво на билатерална соработка. Заемно констатирана одличната економска соработка со оваа покраина и нејзиниот значаен удел во севкупната соработка на нашата земја со Сојузна Република Германија, што овозможува трговската размена да е на највисоко ниво во изминатите години.

Државниот секретар Шпајх од своја страна изрази задоволство од досегашната соработка со уверување дека истата ќе се интензивира како на политички, така и на економски план. Германскиот соговорник ја реафирмираше и покраинската поддршка на процесот на интеграција на нашата земја во Европската унија, која игра значајна улога во системот на одлучување на сојузно ниво.

Министерот Муцунски ја потврди подготвеноста на нашата земја за поинтензивна секторска соработка со најнаселената германска покраина, во која живее и работи значаен дел од нашата дијаспора во Германија, и е седиште на бројни водечки индустриски и бизнис капацитети.

Најнови вести од Македонија

To top