Македонија фејсбук статус

Средба на министерот Мисајловски со одбранбеното аташе на Норвешка

Силната соработка со сојузничка Норвешка ни овозможува значаен развој на армиските капацитети и зацврстување на безбедноста во регионот, се вели во Фејсбук статусот на министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

На денешната средба со одбранбеното аташе, полковникот Даг-Магне Лунде, ја искажавме нашата искрена благодарност за неговата посветена и професионална поддршка, која досега беше од големо значење. Соработката е особено видлива во развојот на Балканските медицински наменски сили, каде Норвешка е клучен партнер, како и преку долгогодишната поддршка за Регионалниот центар за односи со јавноста — нашиот прв НАТО акредитиран центар. Продолжуваме со засилена соработка и уште поголем интензитет да го зајакнуваме нашето билатерално партнерство, истакна Мисајловски.

To top