Македонија мнр

Средба Муцунски –Баумгартнер

Муцунски го запозна Амбасадорот со приоритетите во работењето на новата Влада, посветеноста кон исполнување на реформската Агенда,со акцент на реформите за забрзување на евроинтегративните процеси на земјата.

Средба Муцунски –Баумгартнер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денес оствари средба со амбасадорот на Француската Република, Сирил Баумгартнер.

На средбата беше истакнато заемното задоволство од развојот на одличните билатерални односи, кои двете пријателски земји во континуитет ги негуваат, со фокус на идното продлабочување на економската соработка и привлекување поголеми француски инвестиции во нашата земја.

Муцунски го запозна Амбасадорот со приоритетите во работењето на новата Влада, посветеноста кон исполнување на реформската Агенда,со акцент на реформите за забрзување на евроинтегративните процеси на земјата.

При тоа, Муцунски се заблагодари на досегашната силна поддршка на Франција за нашите аспирации за членство во ЕУ, истакнувајќи ја неопходноста од забрзување на нашиот евроинтегративен процес, што е во насока на консолидирање на економската, политичката и безбедносната стабилност на земјава, но и на Регионот.

Најнови вести од Македонија

To top