Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретнал со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој е во дводневна посета во земјава.
Денеска имавме средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.
Посетата претставува значаен чекор во…
Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, April 1, 2026
Мицкоски истакна дека посетата претставува значаен чекор во зајакнувањето на пријателските односи и соработката помеѓу нашите две земји.
-Разговаравме за продлабочување на економската, политичката и регионалната соработка, како и за заедничките европски перспективи. Продолжуваме да градиме мостови на пријателство, стабилност и заеднички напредок – објави Мицкоски.