Македонија средба

Средба Мисајловски – Сомер

Денеска во Министерството за одбрана остварив средба со новоименуваниот амбасадор на Швајцарија, Н.Е. Кристоф Сомер, на кој му посакав успешен мандат и плодна соработка, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

На средбата на која присуствуваше и одбранбеното аташе, полковникот Рето Рутш, разговаравме за унапредување на билатералната одбранбена соработка меѓу двете земји, како и за долгогодишното партнерство засновано на меѓусебна доверба и заедничка визија. Ја цениме швајцарската поддршка за јакнење на нашите капацитети и остануваме посветени на заедничкиот придонес кон регионалната стабилност и евроатлантската безбедност, истакна Мисајловски.

To top