Македонија Министерството за одбрана

Средба Мисајловски – Пирс: Остануваме силно посветени на одбранбената соработка која значи посилна Алијанса и побезбеден регион!

Остануваме силно посветени на одбранбената соработка која значи посилна Алијанса и побезбеден регион, напиша министерот Мисајловски.

Средба Мисајловски – Пирс: Остануваме силно посветени на одбранбената соработка која значи посилна Алијанса и побезбеден регион!

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Министерството за одбрана разговарал со новата специјална претставничка на Обединетото Кралство за Западниот Балкан, Дама Карен Пирс, придружувана од амбасадорот Метју Лосон и одбранбеното аташе, потполковник Едвард Џон Грин.

– Честитки до Дама Карен Пирс за изборот на оваа позиција, која е доказ за тоа дека развојот на меѓусебната сојузничка соработка е високо на агендата на Обединетото Кралство. Благодарност за сета досегашна поддршка на македонската Армија која значително ги зајакна врските помеѓу двете Армии и нивните припадници. Остануваме силно посветени на одбранбената соработка која значи посилна Алијанса и побезбеден регион!, напиша министерот Мисајловски на неговиот фејсбук профил.

Најнови вести од Македонија

To top