Македонија Град Скопје

Средба Ѓорѓиевски- Вернс: Реализација на идни заеднички проекти

Градоначалникот ги презентираше и тековните проекти на Град Скопје во областа на сообраќајната инфраструктура, јавната хигиена и зелените површини.

Средба Ѓорѓиевски- Вернс: Реализација на идни заеднички проекти

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со вршителката на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија, Н.Е. Никол Варнс.

На средбата беше изразена подготвеност за продлабочување на досегашната соработка, со посебен акцент на борбата против корупцијата, унапредувањето на демократските процеси и зајакнувањето на учеството на граѓаните во локалната самоуправа. Градоначалникот ги презентираше и тековните проекти на Град Скопје во областа на сообраќајната инфраструктура, јавната хигиена и зелените површини.

Соговорниците разговараа и за продлабочување на соработката меѓу збратимените градови преку образовни и културни размени, како и за реализација на идни заеднички проекти насочени кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

🇺🇸🇲🇰 СРЕДБА СО В.Д. АМБАСАДОРКАТА НА САД, Н. Е. НИКОЛ ВАРНС

🤝 На мое огромно задоволство, денеска остварив средба со…

Posted by Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski on Friday, February 27, 2026

Најнови вести од Македонија

To top