Македонија Собрание

Средба Гаши – Хаџиев: Членството на Собранието во ПАБСЕК важна стратешка определба на државата

Соговорниците размениле мислења за тековните активности на ПАБСЕК и за актуелните предизвици и перспективи на регионалната соработка.

Средба Гаши – Хаџиев: Членството на Собранието во ПАБСЕК важна стратешка определба на државата

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска го прими генералниот секретар на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), Асаф Хаџиев.

На средбата, Гаши рекол дека неговата посета претставува значајна можност за продлабочување на соработката меѓу Собранието на Република Македонија и организацијата. Притоа, било посочено дека членството на Собранието во ПАБСЕК се смета за важна стратешка определба на државата, која придонесува за зајакнување на регионалниот парламентарен дијалог и соработка.

Соговорниците размениле мислења за тековните активности на ПАБСЕК и за актуелните предизвици и перспективи на регионалната соработка.

Претседателот на Собранието ја потврдил подготвеноста на Собранието и понатаму активно да придонесува во работата на ПАБСЕК и ја истакнал определбата на Северна Македонија за унапредување на парламентарната соработка, економскиот развој и правните реформи во регионот. Соговорниците се согласиле дека постои простор за натамошно унапредување на соработката меѓу Собранието на Република Македонија и ПАБСЕК.

Најнови вести од Македонија

To top