Македонија

СПОРТСКАТА САЛА „МЛАДОСТ“ ВО НЕГОТИНО ЗАТЕКНАТА ВО КАТАСТРОФАЛНА СОСТОЈБА Министерот Борко Ристовски по инспекцијата најави кривични пријави

Спортската сала „Младост“ во Неготино која според проектната документација е „реновирана“, всушност е неупотреблива! Ова го констатираше министерот за спорт Борко Ристовски при вчерашната инспекција на овој спортски објект во Неготино.

Ситуацијата затекната на терен е катастрофална, а реалноста многу поинаква од она што стои во документацијата. Кровната конструкција која се води како реновирана – прокиснува, соблекувалните кои исто така се водат како реновирани се апсолутно неупотребливи…Подот во салата кој се води како реновиран е неупотреблив и во ужасна состојба.

Министерство за спорт

Со една реченица – АПСОЛУТНА КАТАСТРОФА!

-Јас како министер сакам да најавам дека ваква злоупотреба на јавните средства од парите од граѓаните нема да дозволам и ќе поднесам кривични пријави за сите чинители во овој процес – најави министерот Борко Ристовски.

Најнови вести од Македонија

To top