Македонија ДРЖАВНАТА ГРАНИЦА Е НЕОБЕЗБЕДЕНА

СПМ: МВР ги остава на милост и немилост полицајците, во ПС за ГН Чашка НЕМА основни услови за живот

По добиени бројни поплаки од страна на наши членови за начинот на работењето како и условите во Полициската Станица за Граничен Надзор Чашка сме обврзани да излеземе со следново соопштение:

СПМ: МВР ги остава на милост и немилост полицајците, во ПС за ГН Чашка НЕМА основни услови за живот

Полициската станица за граничен надзор Чашка е под стандардите за работа на објект од прв степен, односно витален објект на министерството кое врши надзор и обезбедување на граничната линија со Р. Косово.

ПС за ГН Чашка според систематизацијата е предвидена да брои доволен број полициски службеници но за жал во моментот во станицата по список на ангажирани полициски службеници се недоволен број полициски службеник односно 36,8% што е далеку под минималните 50%. Сето ова преставува проблем за функционалноста на станицата како и безбедноста на граничната линија.

Поради вршење на секојдневен притисок над полициските службеници како и мизерните услови во станицата кои секојдневно се влошуваат и никој не превзема никакви иницијативи за подобрување на условите и состојбата на ПС за ГН Чашка, иако повисоките старешини се информирани за случувањата и условите во станицата, полициските службеници се приморани по разни основи да отсуствуваат од работа. По таа основа во моментот ПС за ГН Чашка оперира со недозволиви и завиден процент полициски службеници со што е значително ослабена функционалноста на станицата како и обезбедувањето на државната граница.

Синдикат на Полиција во Македонија- СПМ

ДРЖАВНАТА ГРАНИЦА Е НЕОБЕЗБЕДЕНА

Условите за работа на полициските службеници во ПС за ГН Чашка се под секаков стадард како за објект од прв степен, нема основни услови и МТС-ва: нема ВОДА за пиење, нема влезна врата, нема рампа – контрола на влез и излез од станицата, нема осветлување – делови од станицата се комплетно неосветлени – црна темница, нема столчиња за седење, нема оперативно службено возило иако во неколку наврати ЕУ и Германската амбасада донираа возила токму за Граничната полиција а истите се користат од други служби во министерството, нема греење, нема униформи, не е чисто, објектот не е освежен ниту направено дезинфекција и дератизација во последните неколку години, постои појава на глувци и сето ова влијае на здравјето, способноста и функционалноста на полициските службеници како и нарушени меѓучовечки (колегијални) односи. Станицата е лоцирана надвор од населено место со тежок пат за пристап како и намалени можности за комуникација и други неприфатливи услови. Се надеваме и дека ѓубрето кое се фрла на само педесет метри од станицата по наредба на непосредниот раководител, брзо време ќе биде исчистено!
На раководителите на смена неосновано им се одземени ингеренциите (спуштени на ниво на полицаец), за организирање на работата со што се губи авторитетот на раководителите во однос на полицајците, пишување на наредби за вршење на служба како и нивна контрола со цел што по ефикасно извршување на зададените задачи како и постигнување на резултати.

Во станицата свесно се кријат информации и службени поднесоци кои не се проследуваат понатаму со што се прикриваат одредени настани а со тоа се врши злоупотреба на службената положба (ова ОВККИПС дополнително да си го провери).

Ова се само мал дел од неприфатливи услови и проблемите со кој се соочуваат секојдневно полициските службеници при вршење на должноста.

Ги повикуваме стратешките партнери на Министерството за внатрешни работи, Меѓународната заедница, ОБСЕ, Дипломатските преставништва во државата да направат ревизија и одблиску да се запознаат со проблемите и недостатоците кои придонесуваат за нефункционалност и необезбедување на државната граница.
Продолжуваме и понатаму во борбата за подобри услови и права во Полицијата!
Ги охрабруваме вработените да пријават случаи на немање на нормални услови за работа во било која организациска единица во МВР!

ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА.

Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ

Најнови вести од Македонија

To top