Македонија Лицето било живо, но повредено

Спасувачка акција во Македонија: Едно лице паднало во бунар, три часа го извлекувале

Заради студеното време и намалувањето на температурата ноќе, иако бил на заветрина во јамата, е опасно да се биде неподвижен надвор.

Спасувачка акција во Македонија: Едно лице паднало во бунар, три часа го извлекувале

Регионалниот ЦУК Битола соопшти дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Прилеп од 21:15 до 00:20 часот со три пожарникари и едно возило извршиле спасителна акција и извлекувале лице паднато во бунар помеѓу селата Црнилиште и Гостиражни во Општина Долнени.

-Лицето било живо, но повредено и со возило на Брза помош е пренесено во болницата во Прилеп. За природата на повредите нема податоци, но важно било дека било живо и дека можеле да го извлекуваат од бунарот, за да го спасат.  Заради студеното време и намалувањето на температурата ноќе, иако бил на заветрина во јамата, е опасно да се биде неподвижен надвор, се наведува во соопштението.

Инаку, ТППЕ Прилеп, во текот на вчерашниот ден, во период од 13:50 до 14:37 часот со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на пожар на отворено, гаснеле заплена ниска вегетација во близина на месноста „Одпад Даскало“.

Од ЦУК информираат и дека пожарникарите од ППЕ Битола, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запален оџак на ул. „Партизанска“ бр. 112. ТППЕ Охрид, во период од 11:00 до 15:00 часот со 3ПП возила и седум пожарникари интервенирале на запалена напуштена стара куќа во с. Д.Лакочереј. Пожарникарите од ТППЕ Кочани имале една помaла интервенција на запален електричен кабел во населбата „Калиманова Глава“, Кочани.

Во соопштението се вели дека согласно генералната природа на настаните за кои граѓаните се јавувале на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК од реалните итни повици, кон полиција биле упатени 55,34 проценти, кон Итната медицинска помош 35,60 проценти, кон пожарникарите 2,91 проценти, кон ЦУК 5,83 проценти, а кон АМСМ 0,32 проценти од повиците од 112 во ЦУК. Вкупниот број на итни повици се движи во дневниот викенд просек од 1.500 до 2.000 повици за едно деноноќие, конкретно: вкупно 1.980 од коишто „реални“ повици биле 38,38 проценти, а други „неитни“ биле 61,62 проценти, коишто ги решава ЦУК преку Секторот Е-112 и Секторот за операции и координација во ЦУК, што заедно со процентот „реални“ изнесуваше 1.238 вкупно.

To top