Македонија ЦУК

Спасувачка акција: Со возило излетале на пруга – две повредени лица извлечени пред да помине воз

На лице место, покрај итната медицинска помош и екипа од СВР Велес интервенираше и екипа од 4 пожарникари со едно ПП возило од ТППЕ Велес – за извлекување на тешко повреденото лице кое било на самата пруга.

Спасувачка акција: Со возило излетале на пруга – две повредени лица извлечени пред да помине воз

Регионалниот ЦУК Велес информира дека денеска имало спасителна комбинирана акција на железничка пруга, којашто имала ограничено време за да се заврши до наредно поминување на воз, за да се извлечат повредените две лица од кои едното било потешко повредено, а потоа и да се отстрани излетаното возило што било на пругата.

Покрај пожарникарите, полицијата и итната медицинска помош на терен интервенирале и екипи на АМСМ, ЈП „Македонски железници и инфраструктури“.

Конкретно, во 15.08 часот е пријавенo дека на регионалниот пат Велес – Градско, кај месноста викана „Црн Камен“ заради неприлагодена брзина патничко моторно возило („поло“) излетало на железничката пруга. Притоа, биле повредени две лица, од кои едното било потешко повредено.

Прво, на лице место, покрај итната медицинска помош и екипа од СВР Велес интервенираше и екипа од 4 пожарникари со едно ПП возило од ТППЕ Велес – за извлекување на тешко повреденото лице кое било на самата пруга.

Повредените лица веднаш беа пренесени во Велешката болница, а паралелно со таа спасителна акција излетаното возило коешто било на самата железничката пруга, екипи на АМСМ, ЈП МЖ инфраструктури и СВР Велес го отстраниле од пругата и го ослободиле патот на наредниот воз што поминувал на тој правец во 17:30 часот.

To top