Македонија академско кафе

Спасовски традиционално на академско кафе со студентите од Факултетот за безбедност

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска присуствуваше и се обрати пред студентите и професорите од Факултетот за безбедност во Скопје.

Спасовски традиционално на академско кафе со студентите од  Факултетот за безбедност

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска присуствуваше и се обрати пред студентите и професорите од Факултетот за безбедност во Скопје.

Спасовски во своето обраќање изрази задоволство што веќе традиционално неколку години по ред заедно со професорите и студентите на оваа реномирана институција од областа на безбедноста имаат можност да разговараат за теми поврзани со безбедноста, криминалот, постојаните реформи во полицијата, пришто направи еден мал осврт на за развојот на полицијата во периодот на неговото раководење со министерството.

Кога го презедовме раководењето во МВР и затекнавме полиција која ја имаше загубено довербата кај граѓаните, злоупотребувана за репресија, за масовно прислушување, наместо да биде гарант на безбедноста, стабилноста, развојот. Веднаш се зафативме со стратешки реформи, и на самиот почеток сфативме дека без вградување на науката, научните норми и знаењето за безбедноста сами нема да можеме да ги исполниме целите кои ги поставивме, потенцираше Спасовски.

МВР

Спасовски образожи дека со Факултетот за безбедност и неговиот академски професионален капацитет и знаење во голем дел биле искористени во реформирањето на Министерството и полицијата во институции какви што се денес. Затоа отворивме широка соработка со Факултетот за безбедност, преку која ги користевме академското и професионално знаење, научните правила и норми во сите чекори кои ги преземавме во реформирањето на Министерството и полицијата во институции какви што се денес.

Со гордост можам да кажам дека Факултетот за безбедност, како расадник на знаење, како академија, како практика е вграден во најголемиот број успеси кои ги постигнавме во министерството до денес, истакна Спасовски.

Спасовски зборуваше за сите реформи, од почетните професионализацијата, департизацијата и декриминализацијата на институцијата, преку формирањето на Оперативно-техничката агенција, формирањето на Агенцијата за национална безбедност и укинувањето на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Посебно се радувам на тоа што направивме во делот на создавање на подобри услови за работа на полициските службеници, преку набавка на нови униформи и опрема, со реконструкција на објектите во кои работи полицијата. Досега успеавме да реконструкираме и ревитализираме 80 објекти по сите енергетски стандарди и тие активности продолжуваат и сега. Во моментот, со средства за капитални инвестиции се градат нова Полициска станица во општина Аеродром, се реконструираат Управните служби во објектот на МТВ, кои практично го претставуваат лицето на полицијата пред граѓаните, активностите ќе продолжат со Центарот за обука, тука, во Идризово, спомна дел од инвестициите во полицијата министерот Спасовски.

МВР

Потенцирано беше и покачувањето на платите на полицијата за 35% од 2017 до денес, исплатата на бонус платите, регресот за годишен одмор како и отвореноста и транспарентноста на полицијата која од целосно затворена институција денес е една од најтранспарентните институции, а Република Северна Македонија е најбезбедна држава на Западен Балкан.

Министерот Спасовски потсети дека со Факултетот за безбедност во овие години се реализирани голем број активности: трибини, конференции, истражувачки студии, научни собири, заеднички превенти активности и кампањи, После две децении беше обновено Меѓународното научно списание „Безбедност“ кое низ научно-истражувачката дејност има потенцијал да помага, да ги поттикнува реформите и професионалноста во Министерството.

Спасовски на студентите им порача дека голем број нивни дипломирани колеги својата професионална кариера започнаа да ја градат во Министерството и полицијата, со цел заштита и безбедност на граѓаните и општеството и дека веќе се имплементирани програми со кои најдобрите студенти од нив сигурно ќе го започнат своето профеионално патување во рамки на министерството и другите безбедносни институции во државата, градејќи го и унапредувајќи го безбедносниот систем.

Деканот на Факултетот за безбедност проф.д-р. Никола Дујовски истакна дека предновогодишно академско кафе со министерот Спасовски е убава можност да ги сумираме резултатите и да ги претставиме најзначајните проекти за наредната година.

Оваа година ќе се потсетиме на извонредната соработка и бројните заеднички активности во изминатите седум години. Уверен сум дека не само МВР и Факултетот за безбедност, туку и многу други институции имаа можност да ги почувствуваат придобивките од нашата темелна и професионална соработка, потсети деканот Дујовски.

Најнови вести од Македонија

To top