Центарот за управување со кризи ја пренесува состојбата со пожарите ширум земјава до 13 часот, според добиените информации од Регионалните центри за управување со кризи.
Регионалниот центар за управување со кризи – Велес, известува дека на територија на РЦУК – Велес активни пожари се:
Шумски пожар помеѓу село Габровник и село Мокрени, општина Чашка на планината Бабуна е сѐ уште активен. Истиот се шири и се наближува кон село Габровник, таму теренот е непристапен и бараат (од градоначалникот на Чашка и од ШС Бабуна), дејствување од воздух. На терен кај село Мокрени интервенираа екипа од ЈП Национални шуми Бабуна Велес, припадници на Армијата и вработени од ЕЛС Чашка. Истиот пожар префрли и кон место викано Биса кон село Богомила.
Шумски пожар на планината Голешница на Врвот Лисец, помеѓу село Г. Јаболчиште и Дреново, општина Чашка, според информацијата од дежурното лице на МВР кое се наоѓа на Солунска Глава, на овој пожар не се гледa задимување.
Во текот на вчерашниот ден се појави нов пожар на место викано Мукос, општина Чашка. Истиот е префрлен од страната на Прилеп и на тој може да се дејствува само со воздухоплов, бидејќи теренот е непристапен и да се стаса до истиот на силите кои би гаселе од копно им се потребни 30 км пешачење по земјен пат. За овој пожар од лицето на МВР кое дежура на врвот Солунска глава, кажува дека во тој правец гори на три места и дека пожарот оди кон врвот.
Шумскиот пожар во атарот помеѓу селата Фариш и Раец, општина Кавадарци, е повторно активен. Интервенираат екипи од ТППЕ Кавадарци, пет пожарникари со три ПП возила и тројца вработени со едно теренско возило од ЈП Национални шуми-ШС Бор Кавадарци и дел од локалното население.
Шумски пожар во атарот на село Фариш, општина Кавадарци, истиот е ставен под контрола, сѐ уште има задимување на некои места. Екипите од ТППЕ Кавадарци, припадници на ЕБР и вработени од ЈП Национални шуми-ШС Бор Кавадарци остануваат на терен заради конторла на истиот.
Пожарот кај село Калањево, општина Неготино е ставен под контрола. Од ТППЕ Неготино кажаа дека денес нема нови пожари и дека екипа има на терен само заради вршење на контрола.
РЦУК – Штип, известува дека пожарот кој избувана на 12.07.2024 година, во атарот на село Селце и село Пухче е сѐ уште е активен. Во гаснењето на пожарот интервенираат ТППЕ-Штип со едно ПП возило и тројца пожарникари, пет ловочувари од ловиштето „Серта“ со едно теренско возило, како и по тројца од локалното население на село Селце и село Пухче. Интервенирано е со два налети од воздух. Поради ширење на пожарот побарана е помош од ТППЕ Кочани, достапно е едно возило со четворица пожарникари. Гори дабова шума, смрека, нискостеблеста вегетација и сува трева.
Активен пожар на дел од воениот полигон Криволак на територија на општина Штип. Согласно со заклучоците на Главниот кризен штаб на ЦУК, донесени денес на 21.07.2024 год во 08.00 часот за гаснење на овој голем пожар, ангажирани се 30 лица од ЕБР, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) 35 лица од Неготино, Св.Николе и Валандово, ТППЕ-Штип, Виница, Делчево, Св.Николе, Кратово и Крива Паланка, немаме информација за вкупниот број на пожарникари, РЦУК-Штип едно лице со едно теренско возило, СВР-Штип, едно теренско возило со двајца полицајци за пречек и спроведување на силите за гаснење на пожарот до полигонот Криволак. Материјално технички средства – ЕБР, ДЗС и РЦУК ангажирани се 21 теренско возило.
РЦУК – Охрид, известува дека во општина Македонски Брод шумскиот пожар во атарот на селата Тажево и Брезница, Општина Македонски Брод е на непристапен терен каде што гори борова шума е активен и доста проширен поради ветерот кој во моментов дува. На терен има 32 припадници на АРМ, 3 пожарникари и 1 лице од ЈП Национални Шуми подружница сандански од Македонски Брод. Денеска нема да има дејствување на авијацијата.
Вториот пожар кај Тажевска река во село Брезница каде гори борова шума е ставен под контрола (гори/догорува внатрешно) и на терен се присутни двајца пожарникари од ТППЕ – Македонски Брод и едно лице од ЈП Национални Шуми подружница Сандански од Македонски Брод.
Двата пожари кои беа реактивирани во село Девич и село Слатина догоруваат внатрешно и нема потреба од присутност од сили на терен. Командирот на ТППЕ – М.Брод со едно лице од ЈП Национални Шуми подружница сандански од Македонски Брод на одредени временски интервали превентивно патролираат.
РЦУК – Битола, известува дека пожарот во атарот на село Небрегово (општина Долнени) што започна на 18.07.2024 година во 18.59 часот е сеуште активен и се движи во правец на место викано Дервен. Гори ниска деградирана мешана шума. Од 04.00 часот интервенираат 9 пожарникари со 2 ПП возила.
По дојавата од Е-112 за новонастаната состојба во врска со шумскиот пожар во пределот на Богомила, Општина Чашка кој што е префрлен преку коловозот, зафатен е црн бор и се ближи кон с. Гостиражни, Општина Долнени. Од ТППЕ Прилеп ќе интервенираат откако ќе се екипираат.