Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. ЈП Македонија пат информира дека сите патни правци во државата се проодни без забрани и ограничувања.
Намалена видливост поради појава на магла до 40 метри, има на планинскиот превој Буково и крак Маврово-Маврови анови 10-15 метри.
Како што соопштија од ЈП Македонија пат, со целокупната расположива механизација и работна сила се вклучени во расчистување на патиштата по обилните врнежи во западните и источните предели.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП Македонијапат, се подвлекува во соопштението, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.