Македонија АМСМ

Сообраќајот се одвива непречено по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, соопштија попладнево од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Нагласуваат дека на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Авто-мото сојузот потсетува дека од 15.11.2025 година почна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

Најнови вести од Македонија

To top