Македонија амсм

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на границите

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на границите

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по влажни коловози, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Авто мото сојузот на Македонија апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење и внимателно да возат особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во земјава од 15 ноември на сила е и задолжителното носење на зимска опрема во возилата.

To top