Македонија состојба

Сообраќајот се одвива во зимски услови, без подолги задржувања на граничните премини

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од Авто-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ).

Од таму посочуваат дека интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, нагласуваат од АМСМ.

To top