Во Скопје ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималните температури ќе се спуштат до 17, а максималните ќе достигнат до 34 степени.
В петок и сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а од недела во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд со грмежи.