Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до-1, а максималната ќе достигне 13 степени.
За наредните денови од УХМР прогнозираат дека до сабота времето ќе биде претежно сончево на повеќе места со негативни утрински температури. Зголемена облачност ќе има од недела, а од почетокот на следната седмица се очекуваат локални врнежи од дожд.