Македонија температура до 17 степени

Сончево со мала облачност и релативно топло

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, претежно тивко и релативно топло.

Сончево со мала облачност и релативно топло

Претпладне по котлините ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла која попладне ќе се намалува. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 9 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе продолжи периодот на претежно тивко и релативно топло време, освен по котлините каде ќе има појава на магла и пониска дневна температура.

Најнови вести од Македонија

To top