Македонија УХМР

Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 17 степени.

Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност

Во најголем дел од земјава времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.

-По котлините, особено долж Повардарието, постудено со појава на магла, која попладне ќе слабее. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, сопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 17 степени.

Во Скопје магливо и тивко, попладне видливоста ќе се зголеми. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 9 степени.

Како што прогнозира УХМР, во наредните денови продолжува периодот на претежно тивко и релативно топло време, освен по котлините каде ќе има појава на магла и пониска дневна температура.

Најнови вести од Македонија

To top