Македонија

Собраниската комисиска расправа за Предлог-буџетот продолжува в понеделник

Предлог-буџетот е балансиран, одржлив и внимателно испланиран, без популизам и со одговорност не само кон сегашните, туку и кон идните генерации. Предвидува конкретна поддршка за граѓаните и за стопанството врз основа на јасни критериуми, стабилен е и развоен, социјално праведен и прилагоден кон потребите на општеството. Вака попладнево на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се јавија за збор, ги оценија буџетските проекции за 2026 година.

Собраниската комисиска расправа за Предлог-буџетот продолжува в понеделник

Предлог-буџетот е балансиран, одржлив и внимателно испланиран, без популизам и со одговорност не само кон сегашните, туку и кон идните генерации. Предвидува конкретна поддршка за граѓаните и за стопанството врз основа на јасни критериуми, стабилен е и развоен, социјално праведен и прилагоден кон потребите на општеството. Вака попладнево на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се јавија за збор, ги оценија буџетските проекции за 2026 година.

Како што истакна Весна Ѓорѓиева, Предлог-буџетот покажува дека Владата води внимателна, одговорна и умерена економска политика. Златко Пенков рече дека предвидувањата за растот базираат на реални оценки и препорача уште поинтензивни политики за привлекување странски, но и домашни инвестиции,. Според Емил Спасовски, се работи за исклучително развоен буџет со вклучена социјална компонента.

На седницата беше присутен и заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски.

-За 2026 година се предвидува 3,8 отсто раст на БДП, што не е случајно, туку следува по трите квартали постојан раст. Стапката на инфлација е детерминирана на 2,5 отсто како резултат на рамотежата во делот на цените на храната, од една страна и цените на енергенсите, од друга. Ова значи дека имаме континуиран економски раст, стабилизирање на инфлацијата, добро менаџирање на јавните пари и креирање буџет во функција на решавање на проблемите на граѓаните. Главните двигитали ќе бидат зголемената активност кај градежништвото и домашната потрошувачка. Стапката на невработеност е предвидено да биде 10,1 отсто, а платите и пензиите ќе растат. Сметам дека треба да се имплементираат уште поинтензивни политики за привлекување странски, но и домашни инвестици за уште пголем раст на БДП – да се изнајдат такви мерки со кои на инвеститорите ќе им се дозволи да работат, заработат и да вработуваат. Само така ќе дојдеме до степен кога ќе можеме да зборувае за суфицит во Буџетот, а сега има одлична база за тоа зашто досегашните политики дадода исклучителен резултат. Зборуваме за 3,5 отсто раст, а можеби и уште повеќе, истакна Пенков.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Тој се осврна и на сивата економија, чиј потенцијал, рече, е околу 700 милиони евра годишно.

-Сигурен сум дека ако таа се стави во формални рамки ќе биде дополнителен инпут за раст на домашниот производ, напомена пратеникот кој ја поздрави и планираната поддршка за општините, рече Пенков.

Укажа и на значењето на реализацијата на инфраструктурните проекти.

-Предлог-буџетот не е само финансиска рамка, туку и стратегија за развој и јасна слика како ја гледаме државата следната година. Овој Предлог е креиран во услови на глобална неизвесност, но носи стабилност, предвидливост и развоен фокус. Овој Предлог-буџет носи јасна визија, стабилна основа и силна порака – еконосмки раст, фискална дисциплина и подобар животен стандард за сите граѓани. Балансиран е, одржлив и внимателно испланиран, без популизам и со одговорност не само кон сегашните, туку и кон иднините генерации, потенцира Георгиева, додавајќи дека Владата води внимателна, одговорна и умерена економска политика.

Според неа, со предложениот Буџет се намалуваат нерационалните трошоци.

-Се испраќа пораката: „Не трошиме, туку инвестираме, создаваме услови за долгоорчен раст, нови работни места и поконкурентна економија“. Економнскито раст конечно почнува да се чувствува во реалниот живот на граѓаните. Овој Предлог нуди баланс меѓу растот и стабилноста, развојот и социјалната одговорност, резултат е на јасна стратегија и на желбата да се создаде подобро утре за сите. Се обезбедуваат стабилни финансии, капитални инвестиции, предвидлива економија, поддршка ба најранливите категории граѓани и услови за економија која расне, а не стагнира, подвлече пратеничката.

Нагласи и дека Предлог-буџетот заслужува поддршка зашто нуди перспектива, стабилност и општествен напредок.

Спасовски оцени дека се работи за исклучително развоен буџет со вклучена социјална компонента.

-Целта е забрзен економски раст. Во 2026 се очекуваат позитивни движења. Никој нема да биде повластен или амнестиран, секој ќе мора да си ја заврши задачата и обврските, видовме дека кога се сака, може, тоа го покажаа Царинската управа, УЈП, ЈП за патишта. Ќе се работи на подобрување на образованието, здравството, општините и инфраструктурата, патна и железничка, на зголемување на платите и пензиите. Сите мерки се реална и опиплива промена, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и ги повика пратениците да му дадат поддршка на Предлог-буџетот зашто, како што рече, само така ќе покажат дека работат во интерес на граѓаните.

Седницата на Комисијата ќе продолжи во понеделник во 12 часот.

Најнови вести од Македонија

To top