Македонија Собрание на РМ

Собраниска делегација на регионална конференција за парламентарната димензија на ЕУ интеграцијата на Западен Балкан

На 7 и 8 октомври 2025 година, во Подгорица, Црна Гора, се одржа регионална конференција на тема „Улогата на ефективниот парламентарен надзор во унапредувањето на процесот на пристапување кон Европската Унија“. Настанот се организира во рамки на проектот на Германската развојна соработка (GIZ) – Регионална соработка за ЕУ интеграција, во соработка со Мрежата на парламентарните комисии за европски интеграции/прашања од Западен Балкан.

Собраниска делегација на регионална конференција за парламентарната димензија на ЕУ интеграцијата на Западен Балкан

На 7 и 8 октомври 2025 година, во Подгорица, Црна Гора, се одржа регионална конференција на тема „Улогата на ефективниот парламентарен надзор во унапредувањето на процесот на пристапување кон Европската Унија“. Настанот се организира во рамки на проектот на Германската развојна соработка (GIZ) – Регионална соработка за ЕУ интеграција, во соработка со Мрежата на парламентарните комисии за европски интеграции/прашања од Западен Балкан.

Во име на Собранието на Република Македонија на конференцијата учествуваа Даниела Белимова и Мимоза Муса, членки на Комисијата за европски
прашања, Никола Ѓошевски, заменик-генерален секретар на Собранието, како и собраниска служба.

Во рамките на панелот на кој делегациите го претставија работењето на своите парламенти во процесот на европските интеграции, пратеничката Даниела Белимова ги информираше присутните за актуелностите во работата на Комисијата за европски прашања и ги претстави активностите и резултатите што Комисијата ги постигнала во тековниот состав. Во тој контекст, пратеничката Белимова се осврна на парламентарната дипломатија и контролно-надзорната улога што Комисијата ја спроведува во рамките на своите надлежности, нагласувајќи го значењето и улогата на Собранието во процесот на пристапување кон ЕУ. Во своето излагање таа нагласи дека активната поддршка на европската интеграција од страна на пратениците од Западен Балкан е од клучно значење за стабилноста и напредокот на регионот. Таа подвлече дека конструктивната соработка помеѓу парламентите е неопходна за постигнување на овие цели.

На конференцијата беше претставен документот „Принципи на ефикасна контролна улога на парламентите во процесот на европските интеграции“, кој, меѓу другото, се однесува на законодавната и контролна улога на парламентите, парламентарната дипломатија, административните капацитети и комуникацијата, како и на видливоста на парламентите во процесот на европските интеграции. Наведениот документ предлага збир на принципи кои треба да воспостават сеопфатна рамка на стандарди што ќе им овозможи на парламентите од Западен Балкан, а особено на комисиите за европски прашања, ефикасно да ја извршуваат својата улога во поддршка на процесот на пристапување кон ЕУ. Меѓу другото, цел на конференцијата беше и да се овозможи размена на искуства и најдобри практики со цел зајакнување на улогата на парламентите од Западен Балкан и нивните комисии за европска интеграција/прашања во процесот на европска интеграција. Конференцијата претставува продолжение на регионалните активности кои започнаа со средбата во Влора во септември 2024 година, на која беа усвоени „Принципите на ефективен парламентарен надзор во процесот на европска интеграција“.

На регионалната конференција учествуваа членовите и службите на комисиите за европски прашања на парламентите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово и Република Македонија, како и генералните секретари и нивните заменици. Покрај нив, на конференцијата учествува и претставници на Европскиот парламент, Регионалниот совет за соработка (RCC), како и меѓународни експерти од областа на европската интеграција.

Мрежата на секретаријати на парламентарни комисии за ЕУ интеграција (PARL Network) претставува иницијатива поддржана и координирана од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH, со цел да се унапреди регионалниот дијалог и соработката во областа на реформите поврзани со ЕУ и улогата на парламентите во тие процеси. Проектот на GIZ „Регионална соработка за ЕУ интеграција“ ќе остане на располагање за понатамошна поддршка на овој процес.

To top