Собрание на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 72. пленарна седница.
Пред пратениците на денешната пленарна седница се Прeдлог на одлуката за избор на директор на Агенцијата за заштита на личните податоци, Предлог на законот за ратификација на Договорот за соработка во областа на одбраната помеѓу Владата на Француската Република и Владата на РепубликаМакедонија и Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ).
На дневен ред на оваа седница по скратена постапка се Предлог на законот за изменување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, Предлог на законот за изменување на Законот за средното образование и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование, по скратена постапка.