Македонија Изгласани предлог закони

Собранието ја почна постапката за нов јавен обвинител

Беа прифатени и извештаи на неколку институции: Народниот правобранител, Комсијата за хартии од вредност, Агенцијата за цивилно воздухоплоство.

Собранието ја почна постапката за нов јавен обвинител

Пратениците во Собранието денеска во рамки на 131. седница ја почнаа постапката за именување на нов јавен обвинител, а пратениците едногласно го изгласаа и предлогот Марија Јаническа да биде нов директор на Оперативно техничката агенција (ОТА).

Собранието денеска имаше закажано продолженија на 11 седници, а три ќе продолжат по паузата во 15 часот.

Во претпладневниот дел беа изгласани неколку предлог закони за изменување и дополнување, како и извештаи за работата на неколку институции.

Пратениците едногласно ги донесоа измените на Законот за прекршоците, потоа законите за железнички системи, за дополнување на јавни патишта и законот за дополнување на законот за минерални суровини.

Беа прифатени и извештаи на неколку институции: Народниот правобранител, Комсијата за хартии од вредност, Агенцијата за цивилно воздухоплоство.

Македонските пратеници донесоа одлука и именување на претседател и членови за Комисијата за државната награда „Свети Климент Охридски“. Воедно беа повлечени и неколку предлог Закони.  (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top