Собранието на денешната деветта пленарна седница избра состави на делегации за парламентарна соработка со меѓународни институции.
За шеф на делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ) е избрана пратеничката Марија Петрушевска, а за членови Бисера Костадиновска Стојчевски и Беким Ќоку. Нивни заменици се Марија Митева, Сања Лукаревска и Садула Дураки.
За шеф на собраниската делегација во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа е избрана пратеничката Моника Зајкова, за членови Никола Мицевски и Халил Снопче, додека за заменици членови Ели Панова, Бобан Карапејовски и Дијана Тоска.
Шеф на делегацијата на Собранието во Интерпарламентарната унија е претседателот на Собранието, Африм Гаши, а за членови се избрани пратениците Никола Мицевски, Халил Снопче, Бобан Карапејовски, Оливер Спасовски, Борислав Крмов и Блерим Беџети.
За шеф на собраниската делегацијаво Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива е избрана Рина Ајдари, а за членови Рашела Мизрахи и Каљтрина Беќири, додека за заменици членови Бети Стаменковска-Трајкоска, Миле Лефков и Славјанка Петровска.
За шеф на на делегацијата во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација е избран Драган Ковачки. Членови се Беким Сали и Славјанка Петровска, а заменици членови Антонијо Милошоски, Илир Хасани и Благој Бочварски.
На денешната пленарна седница избрани се и членовите на делегациите во Парламентарното собрание на Медитеранот, Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК) и во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.
За останатите осум точки од дневниот ред на денешната пленарна седница не беа исполнети услови да бидат разгледани.