Имало многу негрижа низ минатите години за капацитетите на армијата, и тие се руинирани, распаднати“, изјави вечерва во своето гостување во „Клик Плус“ на ТВ21 министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.
Тој рече дека ќе се заложи да има подобрување на истите.
-Мораме да го гледаме и тој дел ако сакаме целосно да се модернизираме како армија. Веќе се преземени активности во тој дел, и ќе дадеме максимум да вложиме средства за подобрување на капацитетите. Криволак е важно за нас многу, но мора да се вложува во сите капацитети, рече Мисајловски.