Триста краткорочни и 20 долгорочни набљудувачи од ОБСЕ и ОДИХР ќе ги проследат претседателските и парламентарни избори во Македонија на 24 април и 8 мај. Долгорочните набљудувачи ќе идат распоредени низ цела Македонија од 27 април, во тимови по двајца, во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Кочани, Куманово, Штип. Во Скопје ќе има два тима.
Во однос на тоа дали е зголемен бројот на набљудувачи и имаат ли сознанија за можни конфликти, Стирк кажа дека тоа е така зошто се во прашање двојни избори.
„Бројот на набљудувачи се заснова на препораките од мисијата за проценка на потребите по реализираната посета во јануари годинава. Има два вида на избори коишто се случуваат во ист ден, па не е невообичаено да имаме голем број на набљудувачи и бараме голем број набљудувачи низ двата вида избори“, рече амбасадорката Џилиан Стирк.
300-те набљудувачи ќе пристигнат непосредно пред денот на изборите, за да го набљудуваат избирачкиот процес. Стирк не даде одговор дали институциите имаат доволно време да се подготваат за изборниот процес, затоа што предоцна ги усвоиле препораките на ОБСЕ кои се однесуваат на дел од измените на изборниот законик.
Рече дека имале иницијален состанок со Државната изборна комисија и дека ова било нивни прв работен ден како набљудувачка мисија, па сè уште работеле на проценките.
Ова се 22 избори во македонија што ОБСЕ/ОДИХР ќе ги набљудува. Последните избори што ги набљудуваше беа локалните избори во 2021 година, за кои имаше ангажирано 217 набљудувачи. Од наредната недела ОБСЕ/ОДИХР ќе почне да ги набљудува и медиумите.