Славески објасни во кои случаи и на кој начин се закажуваат итните седници на Советот на Град Скопје.
-Не може да се прави или предлага дневен ред за итна седница со 17-18 точки. Во однос на наводно прекршување на Деловникот за работа на Советот на Град Скопје, рече Славески.
Славески објасни дека имало барање за нови вработувања главно во јавните претпријатија на Градот и истите се доближуваат до илјада вработувања.
-Советот не даваше поддршка за вработувањата и сега градоначалникот повторно ги бара истите и тоа на итна седница, а тоа е нешто за што не добила поддршка претходно па сега го бара истото на вонредна седница, кажа Славески.