Славески во текот на своето гостување истакна дека вчера бил последен рок за доставување на предлог буџетот на Град Скопје за 2024 година, но сеуште не бил доставен и дека ниту една советничка група во Град Скопје не била консултирана во врска со буџетот.
-Вчера измина последниот законски рок за доставување на буџет или предлог буџет на Град Скопје за 2024 година, во ред, беше недела и очекуваме од службите да го добиеме денес. Слушам поплаки од сите советнички групи дека никој не е за ништо консултиран, нема никаков инклузивен процес, нешто што е невидено во досегашната практика на моите информации на функционирање на Град Скопје и на другите општини на Република Македонија кои со месеци ги инволвираат самите советници за да може и тие да придонесат во креирањето на буџетот, а тие се оние кои треба да дигнат рака и да ги изгласаат буџетот, потенцираше тој.
Славески посочи дека Арсовска веќе 8 месеци не доаѓа на седници за поставување на советнички прашања и советниците не сакаат седници без нејзино присуство затоа што сакаат директно да и постават прашања кои се на граѓаните на Република Македонија.
-Мене ми беше првенствено да функционира советот и тој функционира, сите седници се завршени, донесени се стотици одлуки по кои што треба да постапува или градоначалник или службите на Град Скопје во интерес на граѓаните. Има само 2-3 незавршени седници, прекинати затоа што Арсовска веќе 8 месец веќе не доаѓа на поставување советнички прашања и советниците не сакаат да тераат седници без нејзино присуство затоа што директно сакаат да и постават прашања кои што не се нивни туку се прашања на граѓаните на Република Македонија, додаде Славески.