Македонија Шанса за две криви елки

Скопјани во дилема: Ќе продолжи ли „традицијата“ со крива елка на плоштадот?

Сите се сеќаваат на урнебесниот сеир кој ни го фаќаше целиот Балкан и пошироко со елката која беше несомнен хит на регионалните социјални мрежи и медиуми.

Скопјани во дилема: Ќе продолжи ли „традицијата“ со крива елка на плоштадот?

На плоштадот Македонија во Скопје се исправаат основи за две елки. Дали, овојпат за дочек на 2025-та, ќе добиеме две криви елки, прашуваат граѓаните?

По „интересното“ и урнебесно искуство од ланскиот пречек на Новата година на градскиот плоштад Македонија, главна дилема за скопјани годинава е дали елката ќе биде искривена како лани? На страна што сега имаме шанса да добиеме не една, туку две криви елки?!

Сите добро се сеќаваат на невидениот сеир кој ни го фаќаше целиот Балкан и пошироко со елката која беше несомнен хит на регионалните социјални мрежи и медиуми. Споредбите беа со знаменитоста на кулата во Пиза, како и дека требаше да ја остават како монумет по кој ќе се памети градоначелникувањето на актуелниот состав.

Деновиве, на скопскиот плоштад утрово со камиони и дигалки се поставуваат куќичките од познатиот новогодишен базар. Куќичките заедно со две елки беа дел од украсување на плоштадот во последните години. Останува да се види како ќе изгледа конечниот резултат. Односно, ќе биде ли елката права. За промена.

Засега од Град Скопје нема никаква информација за новогодишна прослава и програма.

Ова доаѓа откако Скопјани со денови реагираат дека главниот град доцни со китењето зад Битола која веќе блеска во традиционални украси и ги облагороди Офицерскиот дом, Широк Сокак, плоштадот Магнолија, Старата битолска чаршија, и многу други локации.

Најнови вести од Македонија

To top