Македонија Управа за јавни приходи

Скандалозно постапување на Лукаревска: Петрова обвинува дека претходната директорка на УЈП донела незаконски одлуки

Според Петрова, ваквото скандалозно постапување на нејзината претходничка придонело целиот процес на усогласување на сите вработени во УЈП по статус и плата да ја изгуби својата смисла и добра намера. На потег се институциите кои веќе почнале постапка за лоцирање на одговорноста.

Скандалозно постапување на Лукаревска: Петрова обвинува дека претходната директорка на УЈП донела незаконски одлуки

129 вработени во УЈП ќе треба да враќаат околу 300.000 евра бидејќи претходното раководство во предизборие незаконски им ги трансформирало договорите за работа од административни во даночни службеници со што драстично им се зголемиле платите.

Новото раководство на УЈП алармира дека од Инспекторатот за труд добиле решение во кое стои дека унапредувањето било спротивно на законот, склучените договори треба да се укинат, а разликата од парите на име плати да се надоместат во буџетот. Директорката на УЈП предупредува дека институцијата се соочува со деликатен проблем и сериозни финансиски импликации наследени од работењето на поранешната дииректорка Сања Лукаревска, пренесе Алфа телевизија.

-ДИТ на записник констатира незаконитости на колективната одлука за прекинување на старите договори за вработување со кои претходната директорка ги откажала договорите за вработување на сите вработени во УЈП, а воедно им наредила да продолжат со работат до склучувањето на нови договори според новите интерни правилници, поради што ДИТ донесе Решение со кое наложи на УЈП да ја поништи незаконитата Одлука. Од друга страна, ДКСК констатира повреда на изборниот процес. Во моментов, јас сум соочена и треба да ја извршам наредбата на трудовиот инспекторат со која ми се наложува поништувањето на Одлуката, што практично значи поништување и на сите нејзини правни последици, односно тоа значи дека ќе се поништат договорите со вработените склучени по распишување на изборите, што има свое влијание и врз платите исплатени на определени вработени кои добиле повисоки плата со промена на нивниот статус, рече директорката на УЈП, Елена Петрова.

Според Петрова, вината не е кај вработените, туку кај претходното раководство кое донело ваква одлука и покрај негативното мислење кое во тој период го дало министерството за информатичко општество и јавна администрација. Но наместо да се откаже од спроведување на планот, тогашното раководство на УЈП направило скандалозен потег. Го изменила интерниот правилник, кој во истиот ден кога бил разрешен министерот од тогашната Влада го добил потребниот параф. За да се реши хаосот сега се прават консултации со правници но и со синдикатот, објави телевизијата.

-Оваа настаната ситуација можела и да се избегне доколку сите овие секако задоцнети процеси се спроведувале во законскиот рок. Имено, согласно измените на ЗУЈП, актите на УЈП требало да бидат донесени во законски рок до 3 ноември 2023 година, а се донесени со задоцнување на 9 февруари оваа година, во пресрет на изборниот период. Согласноста од Министерството за информатичко општество и администрација за овие правилници била издадена врз основа своевидна „манипулација” и вметнување на работни места во правилниците за кои немало намера да бидат пополнети и не се пополнети. Уште повеќе, согласноста е издадена истиот ден 9 февруари кога министерот, кој ја потпишал, бил разрешен, што е морален и политички хазард. Ова фрла црна „дамка” на целиот процес, рече Петрова.

Според Петрова, ваквото скандалозно постапување на нејзината претходничка придонело целиот процес на усогласување на сите вработени во УЈП по статус и плата да ја изгуби својата смисла и добра намера. На потег се институциите кои веќе почнале постапка за лоцирање на одговорноста.

Најнови вести од Македонија

To top