Македонија

Скандалозна изјава на високиот функционер на СДСМ, Љупчо Зиков – Против поевтинување на цените, сме живееле во капитализам

Скандалозна изјава на високиот функционер на СДСМ, Љупчо Зиков – Против поевтинување на цените, сме живееле во капитализам

Додека граѓаните мака мачат со покривање на основните трошоци за живот, поранешниот СДСМовски функционер Љупчо Зиков јавно се изјасни против намалувањето на цените во маркетите!

-Социјалната кошничка не е и не може да биде систематизирана економска политика и борба против инфлација со цел заштита на сиромашните… Сите ние живееме во пазарна економија… Оттука, кошничка е само недостаток на идеја, напиша Зиков во објавата што предизвика бура реакции на социјалните мрежи.

Јавноста е згрозена од оваа арогантна изјава на функционерот на СДСМ, која открива целосна незаинтересираност за проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Додека мнозинството се бори со сè поскапиот живот, Зиков јасно покажува дека за СДСМ заштитата на сиромашните не е приоритет.

To top