Македонија Република НЕТПРЕС

СКАНДАЛ: Mакедонски бизнисмен-градежник сакал да го продава просторот закупен од италијанската резиденција на Водно

Во дипломатската нота, амбасадата на Италија информира дека „овој документ е незаконски изработен“.

СКАНДАЛ: Mакедонски бизнисмен-градежник сакал да го продава просторот закупен од италијанската резиденција на Водно

Mакедонски бизнисмен, кој се бави со градежништво, со незаконски изработен документ и печат на странска амбасада во Скопје, сакал да врши продажба на луксузен имот на Водно, каде што е сместена амбасадата, дознава ексклузивно НетПрес.

Имено, според документите до кои дојде НетПрес, извесно лице Александар Ивановски со незаконски изработен документ со потпис и печат на италијанската амбасада во Скопје, на седми август, годинава, наводно добил овластување да продаде плац и објект во скопско Водно, кој всушност е резиденција на италијанскиот амбасадор во Македонија.

 

-Почитуван господине Ивановски. Во врска со вашето барање од 06.08. 2024 година, со кое побаравте писмена согласност од оваа амбасада за продажба на имотот што се наоѓа на улица „Славејко Арсов“ број 146, сакаме да ве информираме дека нашата амбасада дава согласност за склучување на преддоговор за продажба на недвижен имот. Остануваме достапни и во иднина. Со почит, амбасадор Андреа Силвестри, стои во службениот превод на незаконски изработениот документ.

-Сепак, италијанската амбасада успеала да го добие овој фалсификуван документ, и на петти декември годинава, упатила вербална нота до македонското министерство за надворешни работи и надворешна трговија, пишува порталот.

Во дипломатската нота, амбасадата на Италија информира дека „овој документ е незаконски изработен“.

Поради тоа, на шести декември, годинава, со назнака „Многу Итно“, македонското министерство за надворешни работи и надворешна трговија, за случајот испратило известување до Министерството за внатрешшни работи (Биро за јавна безбедност), до Министерството за правда, како и до Нотарската комора.

 

 

 

 

 

To top