Македонија наследниците на удба со удбашки финти

СКАНДАЛ: Екс директор на АНБ од СДСМ наредил следење и прислушување на новинари и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Трите известувања до Јавното обвинителство доаѓаат по внатрешна истрага во АНБ која, меѓу другото, открила оформување предмети за оперативни обработки насочени кон опозицијата, лидер на опозициска партија, како и група новинари и медиуми во периодот од 2019 до 2024 г. Актуелен директор на АНБ е Бојан Христовски, а во посочениот период со Агенцијата раководеа Виктор Димовски и Заре Милошевски, двајцата од редовите на тогаш владејачката СДСМ.

СКАНДАЛ: Екс директор на АНБ од СДСМ наредил следење и прислушување на новинари и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) доставила три известувања до Јавното обвинителство за еден поранешен директор и група вработени во АНБ поради индиции за незаконско, непрофесионално и неетичко постапување. Известувањата, како што велат од АНБ, се резултат на внатрешна истрага спроведена по смената на власта во 2024 г., а се однесуваат на постапувања во периодот од 2019 до 2024 г.

Внатрешната истрага довела до сознанија за оформување предмети за оперативни обработки на опозицијата, лидер на опозициска партија и група новинари и медиуми чија цел, според предметот, била уривање на власта. Цел на друга обработка, меѓу другото, биле јавен обвинител и министер во тогашната влада. Било утврдено и намерно одолговлекување на безбедносни проверки, на пример, за еден пратеник на тогашната опозиција, во постапка за добивање безбедносен сертификат. Истрагата на АНБ утврдила дека во овие случаи противправно биле користени материјално-техничките ресурси на Агенцијата, а незаконски се спроведувало и следење на комуникациите.

Известувањата до Обвинителството, велат од АНБ, биле испратени пред околу еден месец.

Актуелен директор на АНБ е Бојан Христовски, а во посочениот период со Агенцијата раководеа Виктор Димовски и Заре Милошевски, двајцата од редовите на тогаш владејачката СДСМ. Значи, опциите се две. Двете од СДСМ. Нарачателот е јасен, а скандалот огромен.

Замислете само, во време на ВМРО-ДПМНЕ да се следи лидер на СДСМ во опозиција или Соросовите новинарчиња, каков лелек и татнеж по македонските медиуми ќе беше тоа. Бапчорки пред владеља и Собрание ќе беа инвентар, кампови исто. Очекуваме и ЗНМ и ССНМ да се изјаснат по ова прашање, кои исто така доцнат од непознати причини. Најавен е став на МАН.

Удбашките методи на директорчињата на СДС не смеат да останат неказнети. Сетете се само на историјата и на Големото Уво, на Фарбиката на Црвенковски, на Бомбите на Заев, на прислушувањето јавни обвинители кое остана неразјаснето и поттиснато. Лоша СДС традиција и навика.

Ве тера да се запрашате, во каква држава живеевме од 2017-та до 2024-та?

 

 

 

 

 

 

 

Најнови вести од Македонија

To top