Македонија „Само интервју“

Сиљановска Давкова: Во Советот за безбедност ќе има експерти за глобални проблеми, за евроинтеграции и за климатски промени

Како што истакна вечерва Сиљаноска Давкова, засега има само еден советник за надворешна политика, Жидас Даскаловски, иако може да ангажира уште четворица.

Сиљановска Давкова: Во Советот за безбедност ќе има експерти за глобални проблеми, за евроинтеграции и за климатски промени

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова најави дека наскоро својот Кабинет ќе го прошири со советник за внатрешна политика, како и дека ќе ги пополни трите места во Советот за безбедност со експерти за глобалните проблеми, за евроинтеграциите и за климатските промени.

Како што истакна вечерва Сиљановска Давкова во „Само интервју“, засега има само еден советник за надворешна политика, Жидас Даскаловски, иако може да ангажира уште четворица.

-Засега имам еден советник, за наворешна политика, тоа е Жидас Даскаловски, а пет може да се ангажираат според законот. Оние луѓе кои јас сакам да ги вклучам долго време бегаат од политиката. Велат дека во секое време ќе дадат совет, но без да се институционализира тоа. Но, ќе биде наскоро и за внатрешна политика, а ќе ги пополнам и трите места во Советот за безбедност. Мерам, сакам во Советот да има експерт за глобалните проблеми, за евроинтеграциите и за климатските промени, нагласи претседателката Сиљановска Давкова.

Најнови вести од Македонија

To top