Македонија Силјановска Давкова во Рим

Силјановска Давкова се сретна со папата Франциск: Во иднина уште поинтензивно ќе се залагаме за севкупните односи со Светиот Престол

Ново избраната претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова денеска е во работна посета на Италија, каде се сретна со Папата.

Силјановска Давкова се сретна со папата Франциск: Во иднина уште поинтензивно ќе се залагаме за севкупните односи со Светиот Престол

„Со Светиот Престол имаме нераскинливи историски врски преку важни личности од заедничкото минато.

Благодарност до Папата Франциск за пријатниот и конструктивен разговор.

Уверена сум дека во периодот што следи уште поинтензивно ќе се залагаме за продлабочување на севкупните односи со Светиот Престол и ќе го негуваме меѓусебното почитување базирано на заедничките историски, културни и верски традиции. 🇲🇰 🇻🇦“, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Најнови вести од Македонија

To top