Македонија

Силјановска Давкова: Претседателот треба да се однесува натпартиски, да едуцира, обединува, да биде проактивен и да почитува соработка и мирно решавање на споровите

Силјановска Давкова: Претседателот треба да се однесува натпартиски, да едуцира,  обединува, да биде проактивен и да почитува соработка и мирно решавање на споровите

„Неодамна ја слушнав изјавата на Герт Јан Копман кој што констатира дека Балканот предолго беше сам. Знам дека многу од моите колеги велат дека е недовршена симфонија ЕУ, без Западен Балкан. Други велат дека е Ахилова петица. Време е за промени!“, истакна Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Македонија на Конвенцијата за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија насловена „Важно е! Лидерство што носи промени”.

„Она што мене ме загрижува деновиве е што се наближува прославата на 80 години по првата државност, АСНОМ – 1944 година, на АСНОМ присуствуваа и претставници и од Егејска и од Пиринска Македонија, ме плаши реченицата што сите ќе си ја поставиме, што сторивме за овие 80 години? Дали навистина ги браневме асномските принципи? И една личност постојано ме прогонува со умот и инспирацијата во мене, Владимир Полежиноски, генералниот секретар на АСНОМ. Зошто? Имав прилика да ја споредам француската декларација и стално ја споредувам за слободите и правата на човекот и граѓанинот и асномската декларација. Неверојатна сличност има меѓу нив“, појасни таа.

Силјановска Давкова додаде дека Владимир Полежиноски беше правник, доктор на правни науки на Сорбона.

„Затоа ние треба асномските одлуки да ги почитуваме. Зошто? Ако една од основните тези овде беше за државништво, а светот, Европа, Западен Балкан живее во страшна криза на државништвото еве има од кого да се инспирираме“, заклучи Силјановска Давкова.

Таа во текот на своето обраќање посочи дека некој го разубавува уставот, некој се обидува да го севернизира уставот, но ќе остане доказ за тоа кој е во право, а кој не.

-Ве предупредувам дека во Уставот има еден член кој што е гласен сведок на нашата историја, а химната се чинам дека како никој друг прегнантно не ја содржи во себе тешката историја. Член 36 вели Република Македонија им гарантира посебни социјални права на борците од антифашистичката војна и од сите ослободителни војни за Македонија на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност како и на членовите на нивните семејства кои немаат можност за материјална и социјална егзистенција. Посебните права ќе се редат со закон. Инициравме ваков закон. На тоа беше одговорено дека ќе биде атакуван со илјадници амадмани. Колку некој да го разубавува уставот, колку некој да го севернизира уставот, но ќе остане некој доказ за тоа кој е во право, а кој не, рече таа.

Силјановска Давкова истакна дека во уставот пишува дека ние нема да се мешаме во внатрешните работи, а нас цело време ни се мешаат соседите.

-Исто така нешто што не постои во ниту еден устав на планетата, а не во европските држави го содржи нашиот устав. Во него пишува дека нема да се мешаме во внатрешните работи на другите држави, а замислете цело време соседите ни се мешаат, вели Силјановска Давкова.

Потоа таа запраша:
-Кое поглавје го отворивме да прашам? Зошто некој не им предочи в преговорите и разговорите за преговарачката рамка дека постојат обврски не само за неименуваната страна, туку и за првата страна, навистина шокантно.

Силјановска Давкова потсети дека годинава го добивме најлошиот извештај на ЕК за напредокот, во сите класификации важиме за хибриден режим на граница за авторитарен, деновиве излезе и извештајот за делумна слободна држава, а најповторуваната синтагма беше дека нема напредок.

Влегуваме во групата на најкорумпираните држави, и да додадам дека живееме во политички систем со пореметена рамнотежа на трите власти во корист на владаа, премиерски систем, ама со двајца премиери, еден формален и еден фактички, а сега имаме у чудо невидено технички премиер, но однесувањето негово е султанско како на апсолутен монарх, рече таа.
Во однос тоа што треба направи идната претседателка, Силјановска Давкова истакна дека прво да состави еден експертски тим на врвни професори по уставно право не само одовде туку и од странство по примерот на Франција, за да го проучи Уставот во однос на генерирањето на проблеми во уставниот поредок со кои се соочуваме затоа што тоа е единствениот пат.

Таа додаде дека е невиден парадокс тоа што демократските држави се поблиски до граѓаните на Македонија отколку актуелната власт која граѓаните од кои црпат суверенитет ги ставија на втор план.

„Индивидуалните слободи и права се нешто без што нема демократија. Сетете се на она што им се случува деновиве. Како може да се суспендира избирачко право? Ние се обидовме, понудивме лек, со законски измени, замислете, наместо на граѓаните од кои им извира суверенитетот предност им дадоа на меѓународните претставници да не се замереле, ама демократските држави се одважија и тие се поблиски до нас граѓаните одошто нашата власт. Тоа е парадокс до невидени размери. Ќе ве пуштат да влезете во Хрватска со насмевка, ќе ве пуштат да влезете во Србија, во Албанија, ќе ве пуштат еве и во Германија, ама одовде нема да ве пуштат да излезете“, потенцираше Силјановска.

Силјановска зборуваше и за тоа што треба и мора да направи идниот претседател, во случајов, претседателка на Македонија при што напомена дека една од работите, меѓу другите, за кои што ќе се залага е да Уставниот суд добие повеќе надлежности, да се отстрани прагот од 40% во вториот круг на претседателските избори, како и да се гарантира неотуѓивост на природните богатства и на водите.

„Идниот претседател, односно претседателка, мора и треба да направи да Уставниот суд во таа уставна група, мора да добие пошироки надлежности, мора уставните судии истакнатоста да ја оправдаат преку конкретизирање. По примерот на Исланд или по примерот на Словенија мора ад гарантираме неотуѓивост на природните богатства и на водите. Мора да има можност за распуштање на Собранието, не само на самораспуштање под определени околности, треба да се отстрани, прагот од 40% во вториот круг, за што четири пати ни кажа Венецијанската комисија, мора да се среди делот за мандатарот за нова Влада, бидејќи имаме проблеми. Областа на локалната самоуправа, воената и вонредната состојба, прецизирање на надлежностите на претседателот, особено помилувањата и така натаму“, посочи Силјановска.

Таа истакна дека е среќна што повторно е среќна што е на конвенција на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за претседател на Македонија затоа што инспирацијата и доаѓа од една претседателка на земја со слично минато како нашето, Мери Робинсон, интелектуалка која не беше членка на политичка партија.

Силјановска Давкова посочи дека претседателот треба да се однесува натпартиски, да едуцира, да обединува, да биде проактивен и да почитува соработка и мирно решавање на споровите.

„Претседателот мора да се однесува над партиски, не партиски, да ја претставува државата кон внатре, кон граѓаните и кон надвор, никогаш не заборавајќи дека е таму заради државните и националните интереси а не заради својата кариера не заради својата слава. Кај нас претседателите имаат силен изборен легитимитет, речиси најсилен во компаративното право, не сум за силни надлежности и силни претседатели затоа што во отсуство на демократска традиција може да се појави опасност од некој фолклорен лик односно од некој балкански Бонапарта. Претседателката, претседателот мора да обединува, да биде проактивен а не реактивен, да се води од Копенхагенските критериуми, да ги претставува сите без оглед на етнос, вера, пол, род, статус, да биде почитуван и да почитува, да едуцира, да биде горд, да почитува соработка, мирно решавање на споровите, да има чувство, да биде емпатичен, да има регионален преглед, затоа што ако не ги брани соседите тогаш нема да го бранат ниту него. Нам ни треба скандинавизација во однесувањето“ нагласи Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова истакна дека во Уставот се вели дека претседателот се обраќа најмалку еднаш годишно.

„Колку пати се обрати претседателот пред Собранието? Пред нова година, ама во Уставот се вели најмалку еднаш годишно. Замислете да видиме претседател кој ќе се обратеше за преговарачката рамка пред да замине за Париз и ќе се повикаше на единството, на консензусот за најважните национални прашања во македонскиот парламент. Не го стори тоа и ја урниса нашата преговарачка позиција. Треба да научиме од соседите кои се повикуваат на линиите што ги утврдиле и кои се во согласност со интересите на граѓаните“, рече Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова истакна дека претседателот мора умно да го користи суспензивното вето кое може и да го превенира доколку се обрати со аргументи пред парламентот, бидејќи тоа не сме го виделе.

„Претседателот мора да ги штити најранливите категории. Замислете еден претседател на улица со пензионерите или на пример со пациентите од Онкологија или со децата, самохраните мајки тоа е нешто што за мене е нормално. Претседателот мора да има мал стручен кабинет кој ќе инспирира, води сметка и претставеност на сите категории по било која основа, ама најважното ќе биде стручноста и компетентноста“, кажа Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова запраша за тоа кој ја креира сликата на Македонија во меѓународните односи, односно кои се амбасадорите и конзулите?

„Сте се запрашале ли кој ја креира сликата на Македонија надвор во меѓународните односи? Кои се амбасадорите, конзулите? Не се чудам тогаш зошто вака се однесуваат кон нас зошто нивната слика е сликата за нас ама нашата слика не е нивната слика затоа се тие понизни кон меѓународната заедница зошто го зборуваат тоа што тие понекогаш сакаат да го чујат наместо рамноправно да дискутираат и да бараат разбирање“, децидна е Силјановска Давкова.

„Македонија јас ја доживувам како една преумна, храбра, образована, културна жена. Затоа мислам дека овој пример овде треба да го следи претседателката, но никогаш да не заборави на стручноста и на компетентноста“, истакна таа.

„Изборите се пред нас, ВМРО-ДПМНЕ, коалиционите партнери овие четири години вредно работеа, докажаа дека се единствената можна европска алтернатива“, нагласи Силјановска Давкова.

Најнови вести од Македонија

To top