Македонија

Сиљановска-Давкова оствари средба со раководителката на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ

Дрогрешка укажала на тоа дека опсерваторијата се наоѓа во драматична состојба заради недостиг на сеизмолошки инструменти и кадар, соочена со опасност од затворање на сеизмолошките станици добиени и користени во рамките на апликативен проект.

Сиљановска-Давкова оствари средба со раководителката на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со раководителката на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, Катерина Дрогрешка.

Како што информираат од Кабинетот Дрогрешка информирала за работата, активностите и проблемите на најстарата сеизмолошка опсерваторија во државава, основана во 1957 година.

Дрогрешка укажала на тоа дека опсерваторијата се наоѓа во драматична состојба заради недостиг на сеизмолошки инструменти и кадар, соочена со опасност од затворање на сеизмолошките станици добиени и користени во рамките на апликативен проект.

Со оглед на националното значење на Сеизмолошката опсерваторија, соговорничките ги разгледале можностите за надминување на енормните проблеми.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Претседателката ја истакнала важноста за македонскиот образовен систем на едукативните програми и работилници организирани од опсерваторијата.

Двете се заложиле за континуирано подигање на свеста за ризикот од земјотреси и за нужноста од институционална поддршка на научно-истражувачката и апликативната дејност во сеизмологијата.

Дрогрешка воедно ја поканила претседателката да ја посети Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет за директно да ги воочи состојбите.

Најнови вести од Македонија

To top