Македонија церемонија

Сиљановска-Давкова ќе го врачи признанието „Македонски квалитет“ за 2025 година

Признанието се доделува на домашни компании коишто придонесуваат за развојот на македонската економија и го афирмираат македонскиот квалитет во земјата и на меѓународно ниво.

Сиљановска-Давкова ќе го врачи признанието „Македонски квалитет“ за 2025 година

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска на церемонија со почеток во 13:00 часот ќе го врачи признанието „Македонски квалитет“ за 2025 година, што го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под нејзино покровителство.

Како што соопштуваат од Кабинетот на македонската претседателка, признанието се доделува на домашни компании коишто придонесуваат за развојот на македонската економија и го афирмираат македонскиот квалитет во земјата и на меѓународно ниво.

Најнови вести од Македонија

To top