Во рамките на претставувањето на клучните точки од Програмата „Македонија повторно горда“ се одржа петтата трибина на тема: “Ранливи категории”. На трибината свое обраќање имаше кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова. Исто така, беше промовирана и аудио-верзијата на програмата „Македонија повторно Горда“. На трибината учество зедоа преставници на различни групи на ранливи граѓани.
Силјановска-Давкова истакна:
“Оние кои ме познаваат знаат дека нема луѓе со хендикеп, туку има држави со посебни потреби, како нашава.
Член 9 од Уставот е нецелосен, мора да се прошири со лицата со посебни потреби.
Никој подобро не може да ги застапува овие лица, од самите тие, преку нивна промоција во разни сфери.
Оваа држава не смее да се откаже од лицата со посебни потреби. Можеби им треба повеќе време за изразување, но ние имаме човечка обврска да го браниме и поддржиме тоа. Тоа е само различен начин на изразување, а не хендикеп.
Јас секогаш ќе водам сметка за сите категории на луѓе, вклучително и за овие лица. Тие луѓе можат на еден поинаков начин да придонесат за развојот на општеството.
Пресреќна сум што ВМРО- ДПМНЕ даде шанса на оваа категорија на луѓе да се промовираат себеси.
Јас ќе бидам промоторка и заштитничка на ранливите категории на луѓе, за да имаат шанса да го докажат она што го знаат.”