Македонија од митингот во Крива Паланка

Силјановска Давкова: Гледам часовник и мислам дека го отчукува заминувањето на оваа делегитимирана власт

-Наскоро ќе ги отчука промените поврзани со новата власт, како на претседателско ниво, така на парламентарно. Оваа Горда Македонија и Твоја Македонија се како сијамски близнаци, вели Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова: Гледам часовник и мислам дека го отчукува заминувањето на оваа делегитимирана власт

Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова, вечерва од митингот во Крива Паланка истакна дека гледа часовник за кој смета дека го отчукува заминувањето на оваа делегитимирана власт.

-Наскоро ќе ги отчука промените поврзани со новата власт, како на претседателско ниво, така на парламентарно. Оваа Горда Македонија и Твоја Македонија се како сијамски близнаци, вели Силјановска Давкова.

Таа порача дека доаѓа времето на учените луѓе.

-Што прави оваа власт? Таа власт применува една трета политика, што и не е политика, се вика обид за гаснење на пожари, ама тие не се пожарникарите, не се, туку тие се токму оние потпалувачите на пожарите, затоа треба да си заминат, додаде Силјановска Давкова.

Потенцира дека граѓаните се пред многу важен момент да донесат клучна одлука.

Најнови вести од Македонија

To top