Кандидатката за претседателка на Македонија професор д-р Гордана Силјановска-Давкова одговори на прозивката на противкандидатот Бујар Османи преку социјалната мрежа Твитер.
Објавата и линкот ги пренесуваме во целина:
„Господине Бујар Османи, 61 пратеник не ги исклучува заедниците, бидејќи сите системски закони се носат по Бадентер, туку ги исклучува криминалците од ДУИ кои се спремни да продадат се, за да си ја зачуваат фотелјата и да продолжат да уценуваат, мислејќи дека така ќе се спасат од одговорност за криминалот и штетата што и ја нанесоа на државата.
#МакедонијаПовторноГорда“, стои во нејзиниот пост.
Бујар Османи (@Bujar_O) 61 пратеник не ги исклучува заедниците, бидејќи сите системски закони се носат по Бадентер, туку ги исклучува криминалците од ДУИ @BDI_DUI, … pic.twitter.com/snVmhm6p5u
— Гордана Силјановска Давкова (@gogamkd) April 13, 2024